AR Design Studio, архитектонско биро од Winchester е проектант на Црната куќа, еден од нивните најамбициозни проекти, сместена во прекрасната природа на Кент, Англија.
Уникатниот дизајн на куќата е инспириран од замокот Sissinghurst Castle Garden, домот на писателката и дизајнерка на градини Vita Sackville-West (1892-1962). Замокот содржи повеќе градини кои се расчленети во серија на уникатни искуства. Тие се скриени едни од други благодарение на жива ограда и ѕидови од тули кои се внимателно позиционирани. Поврзувањето на просторот е видливо само од едно место – просторијата за пишување во централната кула.
Идејата е преведена во Црната куќа преку правоаголни волумени поделени на блокови. Секој блок е поврзан со одреден вид на градина. Куќата опфаќа мешавина на врамени и линеарни погледи низ четири внимателно оформени градини кои имаат за цел да го фатат секој дел од околниот пејзаж. Инспирирана и од топографијата на теренот куќата е составена од пет модули групирани околу централен двор.
Правоаголното обликување на блокови е според клучните оски на теренот и визурите. Секој блок е поврзан со посебен дел на градината.
Големите стаклени површини овозможуваат светлина и свеж воздух постојано да навлегува во куќата и обезбедуваат заштитен простор во текот на годината.
Црната куќа е влезена во потесниот круг од 20 куќи кои се во конкуренција за престижната награда на RIBA за куќа на годината 2018.