Истурениот портал формиран од природен бетон создава импозантен влез во Villa Eternal Way, куќа во Љубљана проектирана од локалното студио OFIS Arhitekti.
Издигнатиот влез на објектот е референца на традиционалните словенечки структури во областа, кои подигнати над нивото на теренот поради историскиот ризик од поплави.
Што се однесува до фасадите на вилата, тие се изведени од натур бетон и црна тула, како почит на црниот тресет кој е пронајден во близина.
Делумно вкопани подруми
„Ова подрачје беше под ризик од поплави до неодамна, кога се изградени системи за регулација“, изјавија од љубљанското студио за Dezeen, додавајќи дека тоа довело до развој на типологијата на објектите со издигнати приземја.
„Подрумите се делумно вкопани и ги намалуваат штетите од поплавите. Пристапот до главниот животен простор на приземјето се разви низ единствен архитектонски елемент, влезен трем“, објаснуваат архитектите од OFIS.
Влезот во вилата е проектиран како ритуал – неговата цел е да создаде импозантен акцент и наткриена патека кон влезот.
Издигнатиот влез на вилата, чие име би можело да се преведе како „Вечен пат“, овозможува директен пристап до дневната соба, преку гаражата во приземје.
Пространиот дневен боравко, OFIS Arhitekti го организирале околу сјајна црна коцка во која се наоѓа бањата.
Трпезарија со двојна спратна висина
На задната страна на куќата, која е свртена кон југозапад, дневната соба се отвора на тераса која е покриена со волуменот на првиот кат од куќата.
Под, делумно вкопаниот подрум на куќата содржи помошни простори што водат до голема трпезарија со двојна висина.
Оваа просторија гледа на виснска зона и се отвора кон градината преку лизгачки стаклени врати.
„Просторите со двојна висина во куќата создаваат динамична интеракција на амбиенти“, изјавија од студиото.
Црни скали ги поврзува спратовите на куќата, и водат до највисокото ниво каде е сместена голема спална соба со сопствена бања, поставена покрај две помали спални соби.
Во внатрешноста, палетата на бои од екстериерот е продолжена, па така може да се видат значителни површини на изложен бетон, кои се во контраст со црниот мебел и опрема.
Задната фасада на куќата е обложена со црна тула, која се протега во текстуриран, низок ѕид што ја опфаќа границата на парцелата.