Црногорското електростопанство (Elektroprivreda Crne Gore – EPCG), тргнува во остварување на проектот под името „Топлификација Плевља – за почиста и потопла Плевља“, на кој се чека веќе 40 години. Во склоп на тој проект, ќе се гради топловодот од термоелектраната (ТЕ) Плевља, која ќе биде извор на топлинска енергија после реализацијата на еколошката реконструкција. Така ќе се создадат услови постоечката инфраструктура да се приклучи на извор на топлинска енергија и да се обезбеди можност за понатамошен развој на системот на далечинско греење во тој град. На тој начин после неколку децении, Плевља конечно ќе создаде услови за гасење на бројните котларници во самиот град, како и бројни поединечни ложишта. Изведбата на работите според планот би требало да започне следната година.