Насловна / Вести / Црна Гора: Сточарите негодуваат поради користењето на земјоделско земјиште за фотоволтаици

Црна Гора: Сточарите негодуваат поради користењето на земјоделско земјиште за фотоволтаици

Инвестициите во електрани од обновливи извори зема замав во Црна Гора. Но, не се сите воодушевени со поставувањето на ветерни и соларни електрани. Сточарите негодуваат поради заземањето на земјоделско земјиште за изградба на соларна електрана во Битинско поле. Уште една забелешка е и отсуството на законска регулатива. Имено, уште пред пет години се зборувало за изградба на соларна електрана во пљевљанскиот крај. Темата повторно е покрената овие денови, кога според засега неофицијални информации, инвеститорите се појавиле во Битинско поле, нудејќи пари за закуп на земјоделско земјиште на дури 40 години. Загрижува фактот што за овој бизнис се заинтересирани бројни сопственици на земјиште кои не ја обработуваат истата туку ја даваат под закуп на локалните земјоделци. Сега новата понуда за закуп од инвеститорите за нив е многу посатрактивна.

bitinsko1

Но, поставувањето на фотоволтаици на земјоделско земјиште би оневозможило користење на дел од обработливите површини, а значително би се налаил и просторот за напасување на стоката, тврдат сточарите од ова подрачје. Земјоделсците истакнуваат дека е потребно да се донесе нов закон за земјоделско земјиште. Земјоделците укажуваат дека е потребно да се донесе нов закон за земјоделско земјиште. „Голем проблем е што постоечкиот Закон за земјоделско земјиште е донесен во времето на Југославија, а новиот кој не одговара на локалните и други тајкуни, намерно со години се држи во собраниските „фиоки“. Станува збор за закон кој е работен по европските стандарди. Но, не е овој закон единствен проблем. Универзитетскиот професор во пензија Бранко Радуловиќ, го повикува премиерот во технички мандат Абазовиќ, да го запре издавањето на урбанистичко – технички услови за изградба на големи соларни и ветерни паркови до донесувањето на потребната законска регулатива. Според неговите зборови, потребно е да се усвои просторниот план на Црна Гора, националниот енергетски и климатски план и законот за обновливи извори на енергија.

bitinsko2

Радуловиќ нагласил дека само по пат на аукција може да се даваат концесии за изградба на големи соларни електрани. Тој исто така повикува на запирање на изработката на техничка документација за ходроелектраните „Комарница“ и „Крушево“ по сегашните услови. Во однос на големите соларни и ветерни електрани, професорот потенција дека “се случува грабеж на огромни површини земјиште по бројни локации низ Црна Гора. Десетици новоформирани компании чии основачи се едно или неколку физички лица, се само параван за тајкуните кои стојат зад нив, за вносни бизниси на штета на државата“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top