Насловна / Вести / Црна Гора стартува со најголема програма за енергетска ефикасност

Црна Гора стартува со најголема програма за енергетска ефикасност

Црна Гора распишала јавни повици за доделување на 8,6 милиони неповратни средства помош, за промена на мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Програмата за субвенционирање на енергетската ефикасност за домаќинствата е најголема програма досега од ваков вид во Црна Гора. Од влупниот износ, дури 2,8 милиони евра ќе добие општина Плевља, каде е сместена единствената термоцентрала на јаглен во земјата.

Меѓу мерките кои се предмет на субвенционирање се вградување на термоизолација, столарија, системи за греење на „модерни облици на биомаса“, топлински пумпи, соларни термални системи за загревање на вода, како и фотонапонски системи за производство на енергија за сопствени потреби. Максималниот износ на неповратните финансиски средства кои може да ги добие еден корисник е 10.000 евра, а максималниот износ по мерки се движи од 2.000 до 6.000 евра. Програмата ја реализираат Министерството за енергетика и Еко фондот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top