Насловна / Вести / Црна Гора: Софтвер за пресметка на енергетските карактеристики на згради

Црна Гора: Софтвер за пресметка на енергетските карактеристики на згради

Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора, како надлежно државно тело за спроведување на политиките на подрачјето на енергетската ефикасност, има обврска за воспоставување на националната рамка за енергетската ефикасност на зградите во таа земја. Клучен чекор во тој процес е изработката на национален софтвер за пресметка на енергетските карактеристики на зградите.

meec1

Поддршка за развој на овој софтвер е обезбедена преку проектот „Унапредување на енергетската ефикасност во јавните згради PEEPB“, кој ова министерство го спроведува во соработка со KfW. Софтверот е наречен MEEC (Montenegrin Energy Efficiency Certification) и за неговиот развој е задолжен Институтот Фраунхофер за градежна физика (IBP) од Германија.

meec2

Првата фаза на софтверот MEEC е веќе имплементирана, и достапна на страницата www.meec.me. Сите неопходни пресметки за енергетските карактеристики се на располагање, но сеуште не може да се направи сертификат за енергетските карактеристики на зградата. Развојот на оваа можност е во завршна фаза и се очекува постапката за сертификација да стартува со средината на оваа година.

meec3

 

Испрати коментар

Scroll To Top