Насловна / Вести / Црна Гора распиша тендер за изградба на најголемата жичница во светот

Црна Гора распиша тендер за изградба на најголемата жичница во светот

Zicara1

Црногорските власти изготвија план за изградба на најголемата жичница на светот, па за таа цел распишан е и меѓународен тендер, јави порталот „Кликс“.

Жичницата ќе се гради на релација Котор-Ловќен-Цетиње, со две меѓустаници, а патувањето би траело 43 минути. Таа треба да биде долга 14,7 километри, со што би претставувала најдолга жичница во светот. Изградбата е планирана да трае 10 до 12 месеци. Проценетата вредност на проектот е 47 милиони евра. Рокот за понудите за претквалификации истекува на 5 октомври.

Според црногорските медиуми, со просечна цена на повратна карта од 20 до 30 евра, во зависност од делницата што ќе ја избере патникот, годишните приходи се проценети на над 3,6 милиони евра, односно 4,7 милиони евра според оптимистичкото сценарио, веќе во првата година на работа.

Информацијата е официјално потврдена од градоначалникот на Цетиње, а воедно и национален координатор за проектот – Александар Богдановиќ, и од претседателката на тендерската комисија, Далиборка Пејовиќ. Според нив, ова претставува историски чекор за земјата.

Концесијата за проектот за жичницата ќе биде доделена транспарентно, според меѓународните принципи за наддавање, и во двостепена постапка според црногорскиот Закон за концесии.

Испрати коментар

Scroll To Top