Насловна / Вести / Црна Гора инвестира 22,5 милиони евра во пристаништето Бар

Црна Гора инвестира 22,5 милиони евра во пристаништето Бар

Владата на Црна Гора на својата листа на приоритетни проекти ќe ја стави темелната реконструкција и модернизација на пристаништето Бар. За таа цел ќе бидат инвестирани 22,5 милиони евра. Проектот ќе биде финансиран од буџетот на Европската унија, во рамките на инвестицискиот план за Западен Балкан. Целта на предложениот проект е развој на нови пристанишни капацитети во сферата на интермодалниот транспорт, како и превоз на патници во согласност со урбанистичкиот план и развојните планови на пристаништето Бар, со почитување на реалните барања на пазарот и принципите на одржливиот развој.

Ова е истакнато во 27-миот квартален извештај за севкупните активности во рамките на процесот на интеграција на Црна Гора во европската унија, за периодот јули – септември 2020.  Вкупната вредност од 22,5 милиони евра се однесува на четири планирани компоненти, главно во сферата на интермодалниот транспорт, кој подразбира превоз „од врата до врата“.

bar1

bar2

 

Испрати коментар

Scroll To Top