Владата на Црна Гора соопшти дека го утврдила предлогот на деталниот просторен план за повеќенаменската акумулација на реката Комарница на северозападот од земјата. Во постапката е изработена стратешка проценка на влијанието врз животната средина, а проектот се проценува на вредност од 246,5 милиони евра. За хидроцентралата „Комарница“ со инсталирана моќност од 170 MW, предвидена е брана од 171 метар, а очекуваното годишно производство на електрична енергија е 209 GWh. Деталниот план покрива 5.577 хектари, а површоната на акумулацијата би требало да биде на надморска височина од 818 метри. Изградбата е планирано да трае 5 години.