Претседателот на владата на Црна Гора, Дрита Абазовиќ, предложил државната компанија „Електропривреда Црне Горе“ (EPCG), без тендери да постави фотонапонски електрани на покривите на сите државни институции, додавајќи дека во моментот постои проблем во процедурите кои се бариера за ваквите инвестиции.
Тој истакнал дека трошокот на државните институции за електрична енергија е околу 25 милиони евра, а тие средства би можеле да се искористат за вакви инвестиции. Абазовиќ смета дека владата треба да донесе заклучок со кој ќе се тргне обврската за објавување на тендери со цел избор ан изведувачи. Наместо тоа, предлага EPCG да склучува договори за инсталирање на овие централи.