Поради сушата и лошата хидролошка ситуација, Електропривреда Црне Горе (ЕПЦГ) беше принудена да узвезува електрична енергија, и тоа по исклучително визоки цени предизвикани од енергетската криза. Тоа резултираше со минус во касата на компанијата, во износ од 57 милиони евра за 9те месеци од 2022 година. Сепак, со есента и дождливите денови, ситуацијата започна да се подобрува, па компанијата започна и да извезува електрична енергија. Притоа, за периодот од 20-ти ноември до 11-ти декември 2022 година, ЕПЦГ заработила 46,4 милиони евра од извоз на електрична енергија.
Втората добра вест за енерегтскиот систем ан Црна Гора е зголеменото производство на електрична енергија од ветерните паркови. Земјата има два веетрни паркови – „Крново“ со моќност од 72 MW и „Можура“ со моќност од 46 MW. Европското здружение WindEurope соопштува дека минатиот петок уделот на енергијата произведена од ветерот во Црна Гора бил анјвисок во Европа (34%). На второ место истиот ден била Хрватска, а трета Грција.