Насловна / Вести / Црна Гора е заинтересирана за уште еден енергетски подморски кабел со Италија

Црна Гора е заинтересирана за уште еден енергетски подморски кабел со Италија

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, рекол дека земјата е заинтересирана за создавање услови за изградба и на втора електроенергетска интерконекција со Италија. Еден енергетски подморски кабел е веќе изграден, а за реализацијата на тој проект беше одговорна компанијата Terna. Токму на средбата со директорката на оваа компанија, Милатовиќ ги најави овие планови, со цел земјата да добие улога на регионален енергетски јазол.

crnagora1

Покрај тоа, Црна Гора стартува инфраструктурен инвестициски циклус, со породолжување на изградбата на автопатот кон Србија, како и со почетокот на изградбата на јадранско – јонскиот автопат кој ќе ја поврзува со Хрватска, Албанија и Грција. Исто така се планира и изградба на терминал за течен природен гас (ТПГ) во Бар.

crnagora2

 

Испрати коментар

Scroll To Top