Насловна / Вести / Црна Гора е номинирана за наградата „Најпожелна дестинација во Европа“

Црна Гора е номинирана за наградата „Најпожелна дестинација во Европа“

Црна Гора е номинирана за наградата која ја препознава популарноста и привлечноста на туристичките дестинации. Номинацијата доаѓа од британскиот магазин Wanderlust, кој е познат по својот фокус на одржливиот туризам. Церемонијата на доделување на наградите ќе биде одржана во соработка со саемот World Travel Market во ноември оваа година. Според читателите на истиот магазин, минатата година Црна Гора е вброена меѓу 10-те најпожелни растечки дестинации на светот. Во текот на летото најпривлечни за туристите се приморските градови, додека националните паркови и планинските предели се атрактивни во текот на целата година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top