Насловна / Архитектура / Црквата Свети Антун на Јоже Плечник во Белград

Црквата Свети Антун на Јоже Плечник во Белград

Истакнатиот словенечки и средноевропски архитект од крајот на 19. и првата половина на 20. век, Јоже Плечник, ученик на познатиот виенски архитект Ото Вагнер, подоцна професор по архитектура на Универзитетот во Прага, роден е на 23. јануари 1872. година во Љубљана, а починал на 7. јануари 1957. година во главниот град на Словенија.

0

Јоже Плечник припаѓа на генерацијата еминентни словенечки и југословенски архитекти кои оставиле неизбришлива трага на архитектонскиот идентитет на Виена, Прага и Љубљана. Својот професионален пат го изградил во времето на декларирање на модерниот стил во уметноста, а токму од спојот на основите на класичните извори на архитектурата и посовремените уметнички текови произлегол препознатливиот проектантски израз на Плечник.

5

Покрај многубројните проекти, тој придонел и за развојот на Белград, олицетворен на еден од периферните врачарски ридови кон Звездара, во близина на Црвениот крст, каде што се издига црква необична во Белград.

8

Црквата е посветена на Свети Антун од Падова, а изградена е помеѓу 1929. и 1932. година за да ја одбележи 700-годишнината од неговата смрт. Следбеникот на Свети Фрањо Асишки и голем проповедник, еден од најпочитуваните западнохристијански светители, по потекло од Лисабон, каде живеел кон крајт на 12. и првата половина на 13. век, почива во италијанскиот град Падова.

01

Црквата Свети Антун е монументална кружна градба (ротонда), импресивна по димензиите и формата, централниот план на основата и бојата, односно материјализацијата – облогата од тули – претставува враќање на античките модели, почетоците на христијанството, на шаблоните на ранохристијанската и рановизантиската сакрална архитектура, како и на подоцнежните средновековни, ренесансни и барокни цркви од централен тип. Објектот има основен облик на ротонда, со апсида на исток, трем на запад и цилиндрична камбанарија на југоисточната страна.

1

Главниот простор е со дијаметар од 25 метри и висина 17,5 метри, додека бочните се наменети за посебни помали олтари и места за исповедување. Спроти влезот, во апсидата е главниот олтар – под кој се наоѓа крипта. Поради големата висина на црквата формирани се три галерии. Монументалната камбанарија со висина од 52 метри и дијаметар од девет метри е изградена во 1962. година според малку изменет проекти на архитектот Плечник, а според упатствата на неговиот ученик Јанез Валентинчич. Главниот олтар на Свети Антун е во апсидата, со бронзена скулптура на заштитникот на храмот кој го држи малиот Исус Христос, дело на Иван Мештровиќ, поставена во 1935. година.

7

Црквата Свети Антун од Падова е единствено и оригинално авторско остварување на словенечкиот архитект Плечник во Белград. Црквата е споменик на културата од 2010. година, а во 2021. година изработен е проект за консолидацијата на кулата, кој подразбира спречување на искосувањето и консолидација на постоечката состојба.

00 6 4 2 3

Испрати коментар

Scroll To Top