Како дел од неодамна одржаната манифестација Clerkenwell Design Week 2016 во Лондон, ценетиот британски дизајнер Том Диксон доби зелено светло за својот необичен потфат. Тој изврши пренамена на една црква во Лондон во одличен coworking простор и ресторан.
Во сето ова му помогна главниот свештеник на црквата, кој заедно со Диксон во проектот виде голем потенцијал. „Свештеникот ни овозможи овој единствен објект на кратко да биде претворен во еден креативен работен простор, кој сигурно ќе послужи за целта. Партнерството кое го создадов со свештеникот ни овозможи во ентериерот на црквата да вклопиме кујна како и друг мебел, кој по завршувањето на манифестацијата ќе биде дониран“, објасни дизајнерот Диксон.
Иако ентериерот е веќе раскошен сам по себе, дизајнерот постоечкиот само дополнително го нагласил со столици и маси, како и раскошни светлечки тела за да просторот го направи функционален за потребите на неговата нова цел.