Насловна / Архитектура / Црква низ која се гледа: Кога архитектурата ќе стане инсталација (ВИДЕО)

Црква низ која се гледа: Кога архитектурата ќе стане инсталација (ВИДЕО)

Во рамнината на белгиската прокраина Лимбург (што не е исто што и холандската провинција Лимбург), недалеку од градот Борглон, се наоѓа необична црква. Всушност, во класична и строга смисла, тоа и не е црква, бидејќи никогаш не е осветена, односно воопшто нема никаква врска со црковните власти.

c5

Што ја прави интересна? Едноставно е, тоа е инсталација. И се вика „Reading Between the Lines“. Тоа е проѕирна црква на белгиското архитектонско дуо Gijs Van Waerenbergh (Pieterjan Gijs и Arnout Van Waerenbergh), која изгледа како суштински да и недостасуваат 50 отсто ѕидови, а низ црквата може да се гледа.

c1

Создадена е во 2011 година и има англиско име, а на фламански (холандски) се вика, преведено, Dookijkkerk, што значи „Црква низ која се гледа“.

Се наоѓа на ливада недалеку од местото од само единаесет илјади жители, кое никако не било туристичка атракција, се до имагинативното „црковено здание“.

c2

„Читање меѓу редови“ (наводно се однесува на читање на Библијата) е здание високо само 10 метри и се состои од 100 слоеви челични плочи наредени една на друга во форма на црква. Конструкцијата е тешка не помалку од 30 тони.

Посебниот начин на градба овозможува пејзажот секогаш да остане видлив во целата црква, како од далечина, така и одблиску, но и кога ќе влезете во неа. „Црквата“ затоа е присутна, но и отсутна од пејзажот.

c6

Транспарентната „црква“ се наоѓа помеѓу градот и римската калдрма, и може да се смета за пејзажна уметност. Целината се состои од хоризонтални кортен челични плочи, поврзани со заварени квадратни плочи.

Поставена е на бетонска основа, а формата на „црквата“ се однесува на архетипот на западноевропските цркви со зашилена камбанарија.

c3

Интересно е што поради густо поставените слоеви, навистина оддалеку наликува на црква. Како што се приближува гледачот, постепено станува очигледно дека тоа не е црква, а транспарентноста е уште поизразена кога ќе се влезе внатре.

„Црквата“ со текот на времето добила култен статус – но и намена. Во средината на јуни 2016 година, проѕирната црква послужила како сценографија за музичкиот настан „Слушање меѓу звуци“ на вокалниот ансамбл Florilegium.

Веднаш се јавиле и музичари да ја искористат оваа атракција за свои видео спотови, па така проѕирната црква и инсталацијата Memento Wesly Meuris ја прават поставката за видео клипот „Rise Like Lions“ од Diablo Boulevard, а оваа „црква“ може да се види и во спот на белгиската пејачка Axelle Red.

c4

c9

c10

c8 c7

c11

Испрати коментар

Scroll To Top