Креаторот на оригиналната француска кафетерија Coutume во Париз, париското студио CUT Architects, го дизајнирало ентериерот на кафетеријата Coutume Aoyama во Токио како комбинација помеѓу кафетерија и научна лабораторија.
Декорот на внатрешноста е изведен од бели плочки до половината на сите ѕидови и сервисниот пулт, оплеменувајќи го просторот со широк спектар на кафиња и лабораториска опрема.
Основна цел при конципирањето на идејата е задржување на цврстиот идентитет на брендот, истовремено адаптирајќи го на новата локација во Токио. Креиран како сплет на кафетерија и лабораторија, Coutume Aoyama располага со дуална концепција.
Страната од влезот е изведена под бела мрежна плафонска површина со интегрирани LED панели. Бар пултот и сервисниот пулт се компонирани од два поплочени блокови кои реферираат на хемиска табла.
Од другата страна на кафетеријата просторот за седење е позициониран под бели лакирани рамки, поставени во континуитет со плафонската мрежа од „лабораториската“ зона.
Целокупниот под е изведен од дабов паркет со различни типови на слоеви како, шантиски во фронталната зона, унгарски кон сервисните простории, традиционален во просторот за седење.
Иако се работи за совршено бел и прочистен дизајн, применетите дополнителни детали интегрираат динамика, разиграност и топлина, создавајќи несекојдневна атмосфера за конзумирање на дневната доза кафе.