Програмата на Европската комисија, Copernicus од вселената ја набљудува Земјата и ги детектира загадените подрачја, помага и при спасување на животи на море, ја подобрува реакцијата на природните катастрофи, но им овозможува и на земјоделците подобро управување со посевите. Copernicus открива дека околу 400.000 луѓе годишно умираат прерано поради загадувањето на воздухот.
Vincent-Henri Peuch, директот на Службата за следење на атмосферата Copernicus (CAMS) заклучува дека од година во година оваа бројка расте, како и бројот на оние кои поради загадувањето патат од разни болести и неопходни им се лекови и хоспитализација. „Дневно дишеме толкава количина на воздух колку 4.000 балони. Вдишуваме притоа и невидливи честички кои штетно влијаат врз нашето здравје. Така настануваат болести на срцето, долготрајни болести како астма, рак на бели дробови и деменција“ вели Peuch.