Главната награда на овогодинешниот Светскиот фестивал на архитектурата (Тhe World Architecture Festival – WAF) припадна на објектот Copenhill, исто така познат како Amager Bakke, дело на славното архитектонско биро BIG – Bjarke Ingels Group. Објектот е постројка за претворање отпад во енергија. Сместена на индустрискиот брег на Копенхаген, Данска, електраната е способна да претвори 400.000 тони отпад годишно во чиста енергија.
Проектот на BIG ја дуплира јавната инфраструктура, објектот е комплетиран со патеки за пешачење со дрвореди и стаза за скијање на кровот, заедно со „највисок вештачки ѕид за качување“ на фасадата.
Ентериер на годината
Хостелот и книжарницата на Atelier tao+c во Жеџијанг, Кина, победија во конкуренција на 100 проекти кои се натпреваруваа во единаесет категории. Сместен во длабоките шуми на Тонглу во провинцијата Жеџијанг, проектот трансформира стара куќа со ѕидови од кал во хотел во кој можат да се сместат до дваесет луѓе, книжарница и библиотека. Оригиналните подови и прегради се отстранети и поставени се модуларни капсули за хотелот, а приземјето се користи за библиотеката и книжарницата.
Победници во останатите категории
Future Project of the Year 2021: Silo City in Buffalo, Њујорк, Studio V Architecture
„Пејзаж – урбан контекст“: Al Fay Park во ОАЕ, SLA Architects
Добитници на Специјална награда
Engineering Prize Winner: Ariake gymnastics centre, Токио, NIKKEN SEKKEI LTD
Најдобра употреба на природна светлина: Maggie’s Leeds, Лидс, Heatherwick Studio
Најдобра употреба на дрво: Scion Innovation Hub, Te Whare Nui o Tuteata, Роторуа, Нов Зеланд, RTA Studio и Irving Smith Architects
Награда за визуелизација: Винарија и хотел Alto Douro, Португалија, Atelier Sérgio Rebelo
Мал проект на годината: Павилјон за привремено домување за здравствени работници, Мексико, Revolution
Најдобра употреба на боја: „Присуство во Хормуз 2“ – Мајара резиденција, ZAV Architects, Техеран
Наградата WAFX, најнапредните архитектонски концепти во светот и идни проекти кои ги идентификуваат клучните предизвици со кои архитектите ќе треба да се справат во наредните години: Horizon Manila, WTA Architecture and Design Studio