Насловна / Вести / COP 28: Ветувања во областа на обновливите извори на енергија

COP 28: Ветувања во областа на обновливите извори на енергија

На конференцијата за климатските промени во Дубаи, дадени се ветувања во областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и намалувањето на емисиите на метан. Од 8-ми декември. приближно 130 земји се придружија на ветувањето да се зголеми тројно глобалниот капацитет за енергија од обновливи извори и да се удвои стапката на подобрување на енергетската ефикасност на годишно ниво до 2030 година. Заедно, овие земји се одговорни за 40% од глобалните емисии на CO2 од согорување на фосилни горива, 37% од вкупната глобална потрошувачка на енергија и 56% од глобалниот БДП.

COP28 Banner - 16:9 - EN

Ветувањето за метанот, кое се нашло во склоп на Повелбата за декарбонизација во секторот нафта и гас, има за цел да ги елиминира емисиите на метан до 2030 година. Педесетте компании кои ја прифатиле оваа Повелба претставуваат околу 40% од светското производство на нафта и 35% од комбинираното производство на нафта и гас.

cop2

Според извештајот World Energy Outlook 2023, на IEA, глобалните емисии на стакленички гасови од енергетскиот сектор во 2030 година би можеле да бидат за приближно 4Gt пониски од моменталните проекции според наведеното сценарио. Но, ова намалување не претставува ни половично решен проблем, туку јаз од околу 30% од емисиите. Иако ветувањата дадени на COP28 означуваат позитивни чекори кон решавањето на проблемот со климатските промени, тие не се доволни за исполнување на најстрогите меѓународни климатски цели.

Испрати коментар

Scroll To Top