Насловна / Вести / Cono – идеален спој на архитектурата и природата

Cono – идеален спој на архитектурата и природата

Италијанскиот бренд Gessi секогаш се стреми кон соединување на природата со архитектурата во приватните простори за живеење, а бањите не само како простор за регенерација и уживање но и како вистинско природно засолниште. Идеите ги црпи од Југоисточна Азија каде според античката култура, природата влегува во просторот за живеење и континуирано се поврзува со надворешниот простор.2

Инспириран од овие простори,  италјанскиот дизајнер и скулптор Просперо Расуло, ја зграпчува конусната форма формирана од светлината што поминува низ бујната вегетација, како мотив за новата колекција Cono. Архитектонската форма го опишува неговиот идеален спој на архитектурата и природата.gessi_cat Cono_140729.indd

Посветеноста на Gessi за креативно експериментирање и иновација повторно се манифестира во создавањето на Cono серијата, за комплетно опремување на бањата. Уникатната остра линија станува икона во дизајнот, спој на органски и геометриски линии, комбинација од смирени и благи форми од Истокот и модерни примеси од Западот.

Cono создава идеален простор за релаксација. Како и во сите колекции, Gessi  базирајќи се на моќта на основните форми, ги претвора секојдневните предмети во парче уметност. Клучот на дизајнот, скулптуралната форма на конус е дел од сите елементи во бањата, дефинирајќи го комплетно ентериерот во стилот на Gessi. Cono дава комплетен идентитет на просторот и го претвора во сопствено катче со стил за одмор и уживање.1 gessi_cat Cono_140729.indd Gessi_Cono_01 gessi_cat Cono_140729.indd gessi_cat Cono_140729.indd ambiente_07 2 ambiente_05b

Подготви:

Ирена Димовиќ Даниловска, дипл.инж.арх.

Горан Спироски, дипл.инж.арх.

(Конструкта, Скопје)

 

Испрати коментар

Scroll To Top