Насловна / Вести / COMMENT 30 – ЦРНАТА КРАЛИЦА СО ЦРВЕН КАРМИН

COMMENT 30 – ЦРНАТА КРАЛИЦА СО ЦРВЕН КАРМИН

9.03.2018 – реакција на напис во Порта3
Во бројот 265 на ПОРТА 3 главниот и одговорен уредник ни го Честиташе јубилејот 10 ГОДИНИ на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со написот „Господа, кармин на крај се става“, алудирајќи на издавање на МОНОГРАФИЈА 10 години Комора, без во дессете години на пoстоењето комората на денесување ценовник на инженерските услуги. (според неа – главната шминка – кармин)
Благодарам на честитката во име на нашето членството.
Ако заличивме на господа,…. ме радува. Архитектите и инженерите сепак не се господа туку се работниците кои треба да подготват проекти за некои други, кои врз нивниот грб ќе заработуваат и ќе содаваат екстрадобивка. Ние, архитектите и инженерите во струката не се сметаме за господа. Не, не можеме да бидеме господа со овие цени со кои се валоризира нашиот труд. Можеби господа се само некои бизнис-архитекти, бизнис-инженери, бизнис-универзитетски професори. Останатите сме работници.
Сега малку за мојата алузија од насловот во врска со мојата омилена игра ШАХ .
Делувањето во инженерската професија е слично на играњето шах. Ги редите фигурите, потоа по некои правила ги движите по шаховското поле и на крајот од играта го имате резултатот. Ама треба да бидат наредени сите фигури, и црните и белите и да играте осмислено и по правила. Ние, бидејќи сме работниците, играме како црни фигури. Играта може да заврши со МАТ на конкурентот, со загуба на партијата или со поделба на поените РЕМИ (но може и да застане во ПАТ позиција), а одвреме навреме може да се најдете во ШАХ позиција.

sah1
Брзајќи да започне една важна шаховска партија, уредничката уште во преходниот број на ПОРТА, но и на твитер заедицата и соопшти дека кралица од црните фигури (архитектите) се нашминкала со црвен кармин, ја започнала играта и го повлекла првиот потег (предложила – ценовник).
Кралицата е навистина најсилната фигура во шахот. Може да прави што сака, да се движи каде што сака по целата шаховска табла и скоро нема ограничување за движење. Но на шаховската табла се наоѓаат и други фигури: Топови (урбанисти) кои цврсто ја ограничуваат играта, Ловците (градежници) кои динамично ја градат и ја контролираат играта, Скокачите (електро и машински) кои со прескок ги решават ситуаците и многу војници кои се од голема корист во играта на шаховската табла. Без заедничка игра со сите фигури, црната кралица со црвен кармин не може да се надева на голема победа бидејќи на другата страна на шаховската табла се добро распоредени БЕЛИТЕ фигури. Белата кралица (инвеститорот), белите топови, белите ловци и скокачи од бизнис заедницата, и крајните корисници кои ја играат улогата на бели војници кои играат за да ја заштитат својата позиција.
Шахот не е игра во која само ќе ги мрдате фигурите, туку во себе содржи стратегија за игра. Треба да ги осмислиме нашите потези неколку чекори нанапред, но да ги предвидиме и потезите на конкурентот и заканите неколку потези однапред. Да не се брза, но да не дозволи да падне знаменцето и играта да заврши заради истечено време.
Имам впечаток дека црната кралица предвреме стави црвен кармин и ја започна играта пред да бидат наредени другите фигури, и дека така започнатата игра може да трае до бесконечност. Не сум сигурен дека можеби шаховската табла ќе остане истата (ќе се донесе нов Закон за градба). Некои од играчите на шаховската табла уште во текот на играта покажаа дека еднаш се црни фигури – архитекти-инженери а веќе за следиот потез стануваат бели фигури – бизнис заедница.
Секундантите, консултанти во играта исто така имаат важна улога бидејќи анализираат слични шаховски партии и го знаат исходот на некои потези уште предвреме, па ќе не советуваат да играме поинаку. Постојат игри со агресивни напади, игри со жртвувани фигури (па дури и тешки фигури може да бидат жртвувани во интрес на победа на шаховската табла), игри на пасивна одбрана, и игра со осмислени “меки“ потези кои ќе дадат резултат во финишот на играта.
Движење на фигурите по шаховската табла, само заради движење, без да се почитуваат паралелните потезите на инвеститорите, бизнис заедницата и позициите на крајните купувачи на нашите услуги и без да се вложи напор во квалитетно осмислена и чесна игра која ќе биде препознаена од јавноста можеби ќе резултира со брза ПАТ позиција.
Честото, многукратно прозивање на Комората во последните месеци од 2017 и во почетокот на 2018 во врска со недонесениот ценовник, (како да е тоа обврска од вчера, а не од создавање на комората пред десет години), а при тоа истите играчи кои прозиваат да не помрднале на ниедна фигура на таблата во последните десет години (во кои главни шахисти во комората беа архитектите и урбанистите) и повикување на сега и веднаш донесување на експресно решение, „па макар и само на ниво на комората“ е симптоматично и покажува дека „некои шахисти“ станале многу нервозни и нестрпливи, па потезите што ги повлекуваат се недоволно осмислени и површно подготвени. Донесување на ценовник за минималните цени – брзото движење на црната кралицата напред на шаховската табла, може да се квалификува како фаќање за последна сламка за спас-опстанок во шаховската партија, во која сите фигури долго време мируваа.
Шаховската игра започна со храбар потег и станува се посложена. Се раздвижија сите фигури на нашата страна од шаховската табла. Се очекува брзо отворање на играта.
Ако изиграме мудро и осмислено, можеби сите учесници заедно, кармин на крај ќе ставиме.

Проф-д-р Миле ДИМИТРОВСКИ
Претседател КОМОРАОАИ

Испрати коментар

Scroll To Top