Насловна / Архитектура / Comaru House во Бразил сокриена од погледите на соседите

Comaru House во Бразил сокриена од погледите на соседите

Според проектот на бирото Raffo Arquitetura од Бразил, изградена е куќа од 372 квадратни метри, која со својот облик се прилагодува на локациските услови, но и на потребите на семејството кое живее во неа. Имено, објектот се наоѓа на карактеристично место каде погледите од соседната зграда би биле целосно неприфатливи за клиентите, па нејзината предна фасада е речиси целосно затворена. Меѓутоа, од другата страна, ситуацијата е сосема поинаква.

6_resize

16_resize

Идејата на архитектите била да се создаде претстава на отворена куќа со спорадични отвори на предната фасада, но на начин кој куќата успешно ќе ја крие од погледите на соседите.

1_resize

Основната функција на објектот е организирана на приземјето и тоа така да се искористи изобилството на светлината во текот на целиот ден, но и да се искористи присуството на базенот. Горниот кат и подземниот кат се користат како ноќна зона, односно како гаража со технички простории.

4_resize

„Конфигурацијата на куќата и положбата на зградата ја одсликуваат намерата на семејството со задоволство да ги пречека гостите, но во исто време сакаат да ја зачува приватност“, вели архитектот Lucas Raffo за ArchDaily.

7_resize

Дрвото на оваа куќа и дава топлина, но и нејзиното име – Comaru House. Comaru е всушност бразилски тиково дрво кое е користено на фасади, подови, тавани, но и на мебел, со што се постигнува баланс на локалното, топлото, одржливото и удобното.

5_resize

Големиот хоризонтален отвор на фасадата служи како еден вид голема природна светилка која ја осветлува дневната зона, овозможувајќи и на светлината да навлезе во внатрешноста на објектот во текот на денот, а во текот на ноќта ги нагласува контурите на куќата.

3_resize

2_resize

9_resize

10_resize

11_resize

8_resize 12_resize 13_resize 14_resize 15_resize

Испрати коментар

Scroll To Top