Изградбата на куќата Colina House во Бразилија е изведена на највисоко ниво на некогашна депонија. Организацијата на основата на куќата од 520 квдратни метри е во форма на латиничната буква „U“, која дефинира две крила испресечени со централна пристапна градина. Проектантите од бразилското архитектонско биро BLOCO Arquitetos, во остатокот од парцелата, речиси сите постоечки дрвја ги сочувале или преместиле.
Позициите на две дрвја ги насочиле отстапувањата на двете крила на објектот (спални соби и сервис), поставени според критериумите за сончева ориентација и приватност. Неговите краеви „висат“ во однос на падините во предниот дел на теренот.
Контурата на објектот ја означува разликата во третманот помеѓу надворешните материјали на куќата, кои се подложни на временските услови (дожд, сонце, прашина) и внатрешните материјали, кои се заштитени и поблиску до допир на станарите.
Додека надворешните површини се составени од носечки бетонски sидови и sидови од полна тула – материјали кои со текот на времето ќе изгледаат подобро – внатре воглавном повеќе се користени „кревки“ материјали, како што се панели од природно дрво, плафони обложени со дрво и боени sидови.