Доколку постои на светот хотелски бренд кој ја почитува и и се воодушевува на линијата Chanel повеќе од било кој друг, тоa дефинитивно е Ritz Paris.
Во минатото хотелот оддаде почит на креаторката Coco Chanel при креирањето на Coco Chanel Prestige Suite во својот простор како сеќавање на 34-те години кои креаторката ги поминала во овој хотел.
Сместен на вториот кат на хотелот на простор од околу 220 квадратни метри, овој апартман има две големи спални соби и дневен боравок, прозори од под до плафон кој гледаат на плоштадот Place Vendome и луксузен декор во стилот на оваа модна икона.
Ноќевање во овој апартман чини 18.000 евра.
Меѓутоа како се ова да не било доволно, хотелот сега отвара врата на новиот Chanel Spa центар во слава на најпознатата креаторка и станарка на овој хотел.
Делот Chanel Au Ritz на спа центарот го дизајнирал Thierry W. Despont кој се фокусирал на имплементирање на чувство на длабока релаксација, како и реконструкција на естетското искуство кое го применувала Coco Chanel.
Прочуениот цитат на креаторката: „Убавината почнува од моментот кога ќе одлучете да бидете тоа што сте“, се огледува во секој дел на Chanel au Ritz Paris, а спа центарот Chanel се фокусира на тоа што е најдобро за секој гостин поеднинечно, преку премиум понуди.
Ентериерот на спа центарот вклучува црно – бела палета на бои кои биле заштитен знак на Coco Chanel, лакирани панели, позлатени огледала, плишани навлаки, скици и фотографии, кристални лустери,а секое парче го одразува непогрешливиот стил на модната кралица.