Насловна / Вести / Coca-Cola ги намали амбициите во однос на заштитата на животната средина

Coca-Cola ги намали амбициите во однос на заштитата на животната средина

Coca-Cola е веројатно најпопуларниот и најпродаваниот пијалок во светот, па не изненадува податокот дека компанијата која го произведува е најголемиот загадувач со пластика веќе шеста година по ред. И покрај тоа, компанијата сега ги намалува своите амбиции за заштита на животната средина, што предизвика големо незадоволство кај еколошките активисти.

Во 2012 година, Coca-Cola си постави цел до 2030 година најмалку 25% од своите пијалоци да ги продава во стаклени шишиња, како и во пластични шишиња за повторно полнење. Исто така, компанијата се обврзала најдоцна до 2025 година да ја намали годишната потрошувачка на примарна пластика за вкупно три милиони тони.

Но, сега компанијата ги ревидира овие амбицции, без притоа прецизно да ги квантифицира новите цели. Познавачите на состојите велат дека ова е петти пат Coca – Cola да ги менува зацртаните цели, сметајќи од 1990 година, кога почнува да ветува многу активости во областа на рециклажата и заштитата на животната средина. Според податоците од организацијата Break Free From Plastic, Coca-Cola е најголем загадувач со пластика на светот, со производствоод околу 5,97 милиони тони пластика годишно, или околу 137 милијарди пластични шишиња. Во студијата објавена во часописот Science Advances, истражувачите користеле податоци од петгодишнната глобална програма (2018–2022) спроведена во 84 земји, со цел да ги идентификуваат брендовите на пластичните предмети пронаоѓани во природата. За половината од пронајдените предмеи не било можно да се утврди брендот, но сепак петте најголеми идентификувани загадувачи се: Coca-Cola (11 %), PepsiCo (5%), Nestlé (3%), Danone (3%) и Altria (2%).

cmp3.10.3.3Lq4 0xf5fffab1

За промената во своите цели, Coca-Cola известила два дена по пропаѓањето на преговорите за решавање на глобалната криза со загадувањето од пластика, одржани во Бусан во Јужна Кореја. Претходно, компанијата најави дека најдоцна до 2030 година, ќе ги намали своите емисии за 25% на годишно ниво, споредено со нивото од 2015 година, Сега тврди дека се усогласува со обврската за задржување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, но без јасно да ја наведе количината на гасовите со ефект на стаклени градина која планира да ја редуцира. Во соопштението на Coca – Cola, стои дека целите се ажурирани поради предизвиците во инвестирањето во ресурси, недостатокот на инфраструктура за рециклирање како и поради трошоците на тоа поле и потребата од фокусирање на поодржливи и подобро мерливи цели.

Испрати коментар

Scroll To Top