Насловна / Вести / CO₂NTESSA, проект за „озеленување“ на производството на цемент

CO₂NTESSA, проект за „озеленување“ на производството на цемент

Проектот CO₂NTESSA, вреден 400 милиони евра, е единствен во светот од тој вид, кој се имплементира преку компанијата Nexe која има свои погони во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Овој производител на цемент, се пријавил за финансирање од Иновацискиот фонд на Европската унија, па можно е така да обезбеди 200 милиони евра. Nexe има потпишано договор со Thissenkrupp Industrial Solutions за модернизација на процесот на производство на клинкер врз основа на oxyfuel технологија.

contessa1

contessa2

 

Таа технологија, подразбира зафаќање на CO2 на местото на настанување, за разлика од најголемиот дел други технологии кои тоа го прават на крајот од производниот процес. Поради тоа, oxyfuel овозможува поголема исплатливост на процесот во споредба со другите технологии, истакнуваат од компанијата. Со помош на цевковод, CO2 од цементарницата во Нашице, ќе се вбризгува во солен аквифер.  Компанијата планира да обезбеди финансирање до крајот на 2024 година, а производството на цемент без CO2 да стартува до 2029.

contessa3

 

Испрати коментар

Scroll To Top