По Тетово вчера, НВО Екосвест и Германската амбасада денеска во Скопје го промовираа проектот за клима и заштита на климатските промени „City tree“ и му ги предадоа на градот зелените билборди – прочистувачи на воздух.
„CityTree“ е вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон, и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.
На настанот се обратија германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и Ана Чоловиќ Лешоска од НВО Екосвест.
Овој проект е овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со што се финансира кампањата за подигнување на свесноста, а набавката на двата билборда, за Скопје и Тетово, ја овозможија Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед.
СМЕШНО!