Насловна / Арт и дизајн / Citroën Méhari го слави својот 55 -ти роденден

Citroën Méhari го слави својот 55 -ти роденден

Citroën слави 55 години од моделот Méhari, премиерно претставен на 16-ти мај 1968 година на голф теренот Довил во Нормандија. За речиси 20 години, во периодот од 1968 до 1987 година, произведени се 144.953 примероци (од кои 1.213 изведби на Méhari 4×4) што било навистина импресивно. Méhari станал култен автомобил како за Citroën, така и за светот на автомобилизмот воопшто.

mehari2

Името Méhari, е превземено од посебен вид на едногрба камила од северна Африка и Сахара.  Овие животни се познати по својата способност за совладување ан тежок терен, издржливост и задржување на вода. Способна е да пренесува луѓе и стока на солги релации. Тие карактеристики ги има и Citroën Méhari познат по својата прилагодливост на сите терени. Однадвор Méhari не изгледа прикладен за сите годишни времиња, бидејќи повеќе личи на мал кабриолет, но тој навистина е соодвтен за сите годишни времиња. Méhari е исто така модуларен бидејќи дел од неговото дно може да се претвори во наслон на седиште или може од страна да се додадат две седишта за превоз на четворица патници. Може да се користи во различни ситуации, како за превоз на товар така и за превоз на патници.

mahari1

Неговата каросерија се состои од само 11 едноставно поправливи компоненти, а внатрешноста и надворешноста може да се чистат со млаз вода. Тоа возило е едноставно за одржување и затоа многу поволно за клиентите. Овој нетипичен, модуларен и економичен концепт, кој за своето време бил дизајниран со модерни материјали и иновативна каросерија, во текот на годините станал вистиснка автомобилска икона која буди убави спомени од детството на цела една генерација. Иако се произведувал скоро 20 години, Méhari бил достапен во само три изведби, од тоа две ораничени. Во 1983 година, претставени се две посебни серии, прво Méhari Plage во силна жолта боја, кој со својот изглед повикува на одмор, и бил продаван во Шпанија и Португалија. Во април 1983 година, се појавува Méhari Azur за продажба на францускиот, италијанскиот и португалскиот пазар, но само во 700 примероци. Во 1979 година, Citroën ја претставил новата изведба 4×4, која нудела слобода со која денес никој не може да се пофали. За моделот Méhari посебно биле заинтересирани француските јавни служби како полиција, царина и сл. Моделот имал посебно долга кариера во француската војска, која во периодот од 1872 до 1987 гдоина, користела дури 11.457 примероци од моделот Méhari.

Испрати коментар

Scroll To Top