Научниците од Универзитетот во Токио развиле иновативен материјал кој користи градежен шут и јаглерод диоксид од воздухот, со цел да создаде нов тип на бетонски блокови. Овој материјал, познат како калциум- карбонатен бетон, претставува значен чекор кон одржлива градба и намалување на негативното влијание на градежната индустрија врз животната средина.
Уште во 2011 година, тим истражувачи од Токио го претставил методот за производство на бетон кој вклучува градежен отоад и јаглерод диоксид како клучни состојки, Во новите истражувања, тимот користел материјал од срушено училипте и јаглерод диоксид з ада ги произведе новите блокови. Процесот подразбира дробење на стариот бетон во фина прашина, која потоа во тек ан три месеци се меша со јаглерод диоксидот од воздухот. Овој карбонизиран прав, потоа се пресува со употреба на раствор од калциум бикарбонат и во слоеви се става во калапи пред да се загрее, создавајќи цврсти и издржливи градежни блокови. Според зборовите на истражувачите, новите бетонски блокови се доволно големи и цврсти за да можат ад се користат за изградба на нови куќи. Добро поднесуваат притисок и исклучително се издржливи. Ваквиот метод на производство, овозможува старите објекти да станат „урбани рудници“ за изградба на нови градби, бидејќи блоковите можат да се рециклираат и повторно да се користат по истекот на животниот век на објектот. Пристапот придонесува за развој на циркуларната економија, односно градежништво ускладено со еколошките стандарди.
Истражувачкиот тим веќе ја планира следната фаза на проектот која вклучува изградба на пилот постројки со цел зголемување на ефикасноста на производството и развој на поголеми градежни блокови. Целта е комерцијализација на овој материјал до 2030 година, а истражувачите се надеваат дека ќе изградат двокатна куќа само од овие блокови.