Само споменувањето на зборот „корона“ е доволно за да создаде непријатно чувство во нашите стомаци, а камоли помислата да внесеме парчиња мебел во нашиот стан кои неодоливо потсетуваат на злото на 21 век.
Дизајнерот Andrea Cingoli не го дели нашето мислење и смета дека е вистинско време да се угости вирусот, барем во форма на специјално изработен мултифункционален мебел што овозможува да се сложува на повеќе начини.
Колекцијата се вика Oleg и наместо да ја поврзе својата форма со нешто лошо, таа всушност ни покажува како крајно оригинални парчиња можат да се користат и распоредени на повеќе начини.
Зашилената надворешност на мебелот може да изгледа недостапно, но тоа се намалува со употреба на разиграна жолта боја во комбинација со црно, што, ќе се согласите, автоматски го поправа целокупниот изглед и дава посебен шарм на целата приказна.
Оваа форма му овозможува на Oleg да биде ориентиран на многу начини, па така поединечни модули можат да се постават на подот, така што шилата симулираат пар нозе, но исто така и да се наредат едни врз други, овозможувајќи нивно совршено вклопување и на тој начин – да создаваат забава и необични аранжмани.
Токму поради споменатите карактеристики, оваа колекција ја доби сребрената награда A’ Design за 2021 година.