Насловна / Архитектура / Чуда на медицината и технологијата: Novartis Pavillon во Базел со нулта потрошувачка на енергија (ВИДЕО)

Чуда на медицината и технологијата: Novartis Pavillon во Базел со нулта потрошувачка на енергија (ВИДЕО)

Novartis Pavillon проект на миланското биро AMDL CIRCLE и Michele De Lucchi во Базел, Швајцарија е сместен во кампусот Новартис. Центарот за изложби, состаноци и настани е првата јавно достапна зграда на локацијата која има за цел да промовира дијалог за науката, за животот и да стане ресурс што ги прикажува минатото, сегашноста и иднината на здравствената заштита.

11 5

Бирото со седиште во Милано беше ангажирано да ја проектира новата структура по меѓународниот архитектонски конкурс во 2017 година организиран од Novartis под креативно раководство на  архитектот Vittorio Lampugnani. Novartis Pavillon е најновото дополнување на Novartis Campus Basel и се придружува на колекцијата згради проектирани од други истакнати архитекти, вклучувајќи ги Дејвид Чиперфилд, Френк Гери и Тадао Андо.

4

Во зградата на павилјонот се прикажуваат „Чудата на медицинат“а, стална мултимедијална изложба дизајнирана од Atelier Brückner. Карактеристичната медија фасада со нулта потрошувачка на енергија развиена е преку серија параметарски дизајн од страна на AMDL, кој ја одредиле геометриската и графичката слика на фасадата, понатаму дизајнирана и проектирана во соработка со iart.

8

Фасадата на овој објект вклучува нова генерација на органски фотоволтаични уреди и мрежа на LED светилки кои ги осветлуваат делата на тројца меѓународни уметници. Уметниците соработувале со научниците за да развијат светлосни инсталации инспирирани од облиците и боите на клетките и молекулите. Во делата се застапени и темите за одржливост, конвергенција на уметноста и науката.

6 7

Медиумската фасада има вкупно 10.000 соларни модули во облик на дијамант, со вградени LED светла кои не само што светат нанадвор, туку и во насока на металната обвивка долу. Светлината се одбива од обвивката и сјае нанадвор преку полупроѕирните соларни модули, што резултира со визуелно повеќеслојна мембрана со можност за прикажување содржина.

12

Трошејќи само онолку електрична енергија колку што е способна да произведе, мембраната станува нултоенергетска медиумска фасада. Ова е овозможено со соларни модули базирани на органски јаглерод, направени специјално за Novartis Pavilion.

Дизајнот и физичките својства ги прават органските соларни модули идеални за употреба во Novartis Pavilion кој е во форма на купола. Можат да се произведуваат во различни форми, флексибилни се, проѕирни и исклучително чувствителни на светлина, што им овозможува да се инсталираат на места кои не се идеално ориентирани кон сонцето. Тие се исто така поеколошки од силиконските соларни модули, што ги прави интересни од перспектива на одржливост.

9

Кружната основа на оваа необична зграда е структуриран на две нивоа. На ниво на приземје, застаклувањето од 360 степени овозможува природна светлина да влезе во просторот и пружа поглед на реката Рајна. Покрај влезното фоаје има кафуле и рецепција. Акустичните завеси се користат за поделба на просторот, додека широк спектар на применети дигитални технологии го прават ова место современа дестинација.

13

На мезанин, мултимедијален театар го поврзува приземјето со горниот кат, привлекувајќи ги посетителите на изложбата „Чудата на медицината“. Така, посетителите ја доживуваат флуидноста на движењето и кружното патување низ просторот.

3

Распоредот на соларните модули на Novartis Pavillon во облик на купола овозможува мерење на произведената електрична енергија во сите правци. Податоците собрани во првите неколку месеци од работењето покажуваат дека фасадата произведува доволно енергија да прикаже текст во текот на денот – кога изложбата е отворена – и дигитални уметнички анимации до два часа по зајдисонцето. Сеопфатна анализа ќе биде можна за неколку месеци, кога ќе има доволно податоци.

1 2

Испрати коментар

Scroll To Top