Насловна / Вести / Човекот повторно на Месечината дури во 2025 година

Човекот повторно на Месечината дури во 2025 година

Американската вселенска агенција NASA, го чекаше решението на правниот спор во врска со развојот на програмата за спуштање на Месечината со цел да објави нов временски план. Враќањето на човекот на Месечината, во рамки на американската програма Artemis, поместено е за 2024, најрано на 2025 година.

artemis1

„Изгубивме седум месеци поради спорот и затоа го одложуваме првото слетување на луѓето најрано до 2025 година“, велат од NASA, истакнувајќи дека тоа не била единствената причина за пролонгирањето. Рокот 2024 година бил определен од страна на администрацијата на Доналд Трамп, но тој бил технички неизводлив. Конгресот во последните години не издвојувал доволно средства за развој на оваа програма.

Според тоа, сега најверојатно мисијата Artemis 2, која предвидува човечки екипаж на Месечината, нема да се реализира пред 2025 година. Artemis 1, мисијата на Месечината без астронаути, ќе се реализира во февруари 2022 како што било планирано. artemis2

Испрати коментар

Scroll To Top