Насловна / Архитектура / Читање како начин на живот: Библиотека во Кореја плени со својот необичен кружен дизајн

Читање како начин на живот: Библиотека во Кореја плени со својот необичен кружен дизајн

Вредноста на библиотека можеби постепено слабее под влијанието на интернетот, но и понатаму таа игра важна улога во акумулација, споделување и ширење на знаењето.

9

Songdo International City се наоѓа недалеку од пристаништето Инчеон, само 56 километри западно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Оваа географски поволна локација, на само 15 минути возење од аеродромот Инчеон, го прави Songdo International City привлечна локација за деловни и трговски активности во североисточна Азија.

1

Градот се гордее со своите технолошки, интелектуални и еколошки достигнувања, а развојот на културните објекти, како што е јавната библиотека, игра клучна улога во промоцијата на културната цел на градот и поврзувањето со локалните жители и туристите.

2

Проектот на библиотеката произлегува од длабокото разбирање на нејзиното значење како симбол на градот и важноста на нејзиното присуство во животот на локалните граѓани и посетителите. Зградата е конципирана да обезбеди два клучни простори – Читалната, свртена кон јужниот природен поглед, и Дневна сала на заедницата, свртена кон северната страна на градот, што овозможува собирање на граѓаните и посетителите, како и организација на настани и изложби.

6

Целта на архитектите од корејското проектантско биро АОЕ е оваа библиотека на новата генерација да и обезбеди извонредни искуства за читање и учење, а во исто време да служи како локален центар за различни културни настани и собири.

10

Обликот на зградата е заоблен за најдобро да одговара на околниот контекст, овозможувајќи пристап од различни правци, намалувајќи го влијанието врз околниот простор, како што е блиската градинка и обезбедува голем отворен простор за собирање на граѓаните. Покрај тоа, наклонот на зградата од 18,5 степени кон југ, овозможува ефикасно користење на сончевата светлина, создавајќи светол и удобен простор за читање и настани со минимална потрошувачка на енергија.

5

Конструкцијата е заснована на ѕид од бетонски јадро со конзолен решеткаст систем, со  што се овозможуваат широк простор за читање без столбови. Фасадата се состои од јагленисано дрво и стаклена завеса, комбинација на материјали кои не само што внесуваат визуелна разновидност, туку и се прилагодуваат на локалната клима. Јагленисаното дрво се очекува да трае помеѓу 80 и 100 години со минимално одржување.

4

Внатрешноста на библиотеката е организирана околу главната Дневна сала на северната страна, која е наменета за настани, собири и отворени предавања, додека Аудиториумот и Заедничките училници остануваат достапни за јавноста дури и кога главниот библиотечен простор е затворен. На јужната страна е Општата читална, организирана во различни зони за читање за да поттикне различни форми на учење за поединци и групи.

3

Одржливоста беше клучна компонента на дизајнот, од навалување на зградата за да се избегне директна сончева светлина до оптимална вентилација и намалена потрошувачка на енергија. Дополнителна одржлива стратегија вклучува природна вентилација, мала потрошувачка на енергија, максимална рециклирана енергија и материјали, што ја прави зградата навистина одржлива и енергетски ефикасна.

8

Испрати коментар

Scroll To Top