Француско-либанскиот архитект Fabrice Bejjani познат е по тоа што во својата работа го негува минимализмот, а токму тоа е и неговиот најнов проект за вила за одмор. Се работи за убава куќа на затскриено место во Сицилија, која со својата естетика и дизајн се вклопуваат во „суровиот“ амбиент кој повикува на лето.
Вилата се наоѓа на самиот врв со поглед на средновековното гратче Ното и на морето во далечина. Се работи за здание кое може да прими осум лица, бидејчи има четири спални соби, секоја со сопствено купатило и директен излез во прекрасна мирисна градина, во која акцентот е, се разбира на базенот.
Околу куќата се маслинови градини, во чии рамки се наоѓа и надворешна трпезарија и кујна што на гостите им служи како совршено место за дневни и вечерни дружења.