Екипите на ЈП „Улици и патишта“ согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2015 година, по налог на Градот, спроведуваа активности за чистење на коритото и косините на реката Вардар и на реката Серава.
Акцијата започна на локација кај Римскиот аквадукт на должина од 200 метри, а продолжи со чистење на коритото и косините на реката Серава на локација помеѓу мостот на булевар „Словенија“ и мостот на улица „Шуто Оризари“ во должина од 364 метри. Во текот на акцијата исчистено е коритото и косините на реката Серава, при што се извадени околу 3.700 кубни метри наноси на мил, земја, комунален отпад и нискостеблеста вегетација, коишто беа просушени, натоварени и транспортирани до соодветна локација за складирање.
Изминативе денови екипи на ЈП „Улици и патишта“ рачно ги чистеа и косините на реката Вардар од нискостеблеста вегетација. Чистењето се одвиваше на локација од Луна Парк во правец кон мостот „Гоце Делчев“ од двете страни на коритото. Досега се исчистени околу 1.100 метри.