Планинската куќа се наоѓа во Калифорнија на езерото Tahoe, завршена е во 2019 година, по проект на Todd Gordon Mather Architect. Проектантот успеал да се спротистави на традиционалното ограничување на „А-рамката“, добивајќи функционален простор, иновативни градежни материјали и современ изглед.
Во суштина, куќата ги нуди сите придобивки од „рамката – А“ (оптимална за снегот, ефикасноста на градежениот материјал и лесно загревање) без типичните недостатоци (дисфункционален простор, ограничено природно осветлување и неестетска доминација на кровот).
Архитектите одбрале современ дизајн, давајќи му на овој дом чиста и едноставна геометрија. Покрај тоа што викендицата не е голема, нејзината внатрешност е изненадувачки проѕирна и отворена.
Кога се влегува внатре се губи чувството за „А-рамка“ и наместо тоа е се чуствува зачудувачко, планинско живеење, исполнето со интересни архитектонски линии, агли и топли, гостопримливи материјали.