Одржан е првиот состанок на работната група во склоп на иницијативата „Чиста енергија за ЕУ островите“. Оваа иницијатива имаше посебна улога во процесот на подготовка на Меморандумот за разбирање за спроведување на Декларацијата за чиста енергија за ЕУ островите, чија цел е воспоставување на долгорочна рамка за соработка и унапредување на енергетската транзиција за островите во ЕУ и промовирање на улогата на граѓаните, со истовремено почитување на особеностите на секоја земја. Тој Меморандум е потпишан во јуни 2020 година од страна на Европската Комисија и 14 земји членки – Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Малта, Португалија, Шпанија и Шведска. Но, сепак, првиот состанок на работната група е одржан дури во март 2021 година, на кој се расправало за програмата за работа во 2021 година, и претставен е новиот Секретаријат на „Чиста енергија за ЕУ островите“, кој во наредните две години и во склоп на втората фаза од дејствувањето, под водство на консултантската компанија 3Е во Брисел, ќе спроведува активности за поддршка на европските острови во областа на енергетската транзиција и декарбонизација. Секретаријатот е основан уште во 2018 година со цел обезбедување помош на островите во подготовката на проекти.