Насловна / Вести / Чиле го доби првиот соларно-термален комплекс

Чиле го доби првиот соларно-термален комплекс

Најсувата пустина на светот, „Атакама“, сепак стана „позелена“, затоа што на нејзиното тло осамна првиот соларно-термален комплекс во Чиле. Изградбата на комплексот Cerro dominador започнала во 2014 година, а во 2018 година е завршена соларната постројка со моќност од 100 MW. Во април годинава, електраната е успешно синхронизирана на националната мрежа и извршени се потребните тестирања. На почетокот на месецов, електраната свечено е пуштена во работа.. Тоа што е специфично за оваа електрана е нејзиниот соларен приемник висок 252 метри, со маса од 2.300 тони. Улогата на оваа кула е со помошта на огледала кои кон неа ги насочуваат сончевите зраци, да ја предава топлината на растопените соли, загревајќи ги на преку 560 степени Целзиусови. Топлината потоа се предава на вода, а така генерираната водена пареа ги задвижува турбините и произведува електрична енергија.

На тој начин, Cerro dominador создава дополнителни 110MW електрична енергија, па вкупната моќност на овој комплекс е 210 MW. Напредниот систем за складиштење на енергија и овозможува на постројката да работи дури 17,5 часа без сончева светлина, со што се овозможува снабдување со електрична енергија на над 380.000 домаќинства.

Проектот е дел од националната програма за обновливи извори на енергија, со цел намалување на зависноста од фосилни горива и зголемување на уделот на енергијата од чисти извори на 20% до 2025 година. Се проценува дека овој значаен еколошки проект ќе ја намали емисијата на CO2 за речиси 643.000 тони годишно.

cerro1

cerro2

cerro3

Испрати коментар

Scroll To Top