Во американскиот град Чикаго наскоро ќе добие нов тип на туристички транспорт, стаклена гондола која треба да ги поврзува најважните точки во градот и да обезбеди најспектакуларни погледи од воздух.
Се чини дека Чикаго навистина сака „high life“.
Овој град кој може да се пофали со дури 44 високи облакодери, со новиот концепт на јавен превоз меѓу самите нив, во форма на гондола, ќе биде исклучителна туристичка прошетка на градот, но исто така и еден вид на можен своевиден транспорт со кој жителите на Чикаго ќе можат паралелно и значително да си скратот времето во однос на класичниот градски превоз.
Со оглед дека проектот Chicago SkyLine Чикаго е се уште на почеток, претставени се само атрактивните визуализации во кои можеме да видиме целосно застаклените модерни гондоли.
Доколку целиот проект оживее и добие зелено светло, SkyLine ќе ги поврзе точките Navy Piera и езерото Мичиген, како и Riverwalk во центарот на градот и загарантирано ќе обезбеди најспектакуларен поглед на градот. Едно возење ќе трае околу половина час, а цената ќе биде околу 20 американски долари.