Чешката електроенергетска компанија ЧЕЗ соопшти дека започнала преговори со неколку потенцијални инвеститори за продажба на имотот во Бугарија. Се работи за неколку одбрани инвеститори кои доставиле најдобри понуди. Имотот на Чез групата во Бугарија ги вклучува: ЧЕЗ Дистрибуција Бугарија АД, снабдувачот на електрична енергија и лиценциран трговец ЧЕЗ Електро Бугарија, лиценцираниот трговец со електрична енергија ЧЕЗ Трејд Бугарија, и термоцентралата Варна.
Веќе подолг период ЧЕЗ реагира на постојаните промени на законите во Бугарија и слабата заработка на тој пазар. Лани компанијата покрена меѓународна арбитража против Бугарија поради неможноста за поголем профит за што го обвинија енергетскиот регулатор КЕВР. Бугарија веќе ја изгуби арбитражата со рускиот Атомстројекспорт вредна 550 милиони евра за откажувањето на проектот НЕ Белене. Освен ЧЕЗ, како снабдувачи на електрична енергија во Бугарија застапени се и австриски ЕВН и бугарската Енерго-про.