Насловна / Градежништво / Четврти симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија во јуни во Струга

Четврти симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија во јуни во Струга

simpozium geotehnika
Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) ќе го организира својот Четврти симпозиум во втората половина на јуни, односно од 25 до 28 јуни во хотел „Дрим“ во Струга. Во оваа пригода, би сакале да Ве поканиме да земете учество на претстојниот симпозиум.

Инаку, ДГМ е моментално во фаза на формирање на Организационен, Почесен и Научен одбор и со цел квалитетот на симпозиумот да се подигне за уште едно ниво. Имено, на досегашните симпозиуми и семинари организирани од ДГМ, имаше голем број на автори и учесници од странство кои му даваат предзнак дека е повеќе од регионален. Овој пат, со формирањето на Научен одбор составен од еминентни академски и професионални личности од регионот и пошироко, целта е Четвртиот симпозиум да прерасне во меѓународен. Во тој контекст, предложени се следните теми:

Геотехника и достигнувања во прилог кон одржливо општество

·         Техничка регулатива, кодови, стандарди

·         Предизвици во примената на Еврокод 7 и Еврокод 8

·         Геотехниката во заштита на околината

·         Образование

Лабораториски и теренски испитувања

·         In-situ истражувања и испитувања – дупчење, SPT, CPT, геофизички истражувања итн.

·         Лабораториски испитувања – триаксијални, директно, едометарски итн.

Геотехнички аспекти кај брани, патишта, подземни конструкции

Геотехничко моделирање

·         Нумеричко моделирање

·         Физичко моделирање

·         GIS моделирање

Намалување на гео-хазарди

·         Методи за подобрување на тлото

·         Потпорни конструкции

·         Свлечишта

Земјотресно геотехничко инженерство

·         Влијание на локални услови

·         Ликвифакција

·         Поуки од неодамнешни земјотреси

Организациониот комитет ќе се обиде да ги собере заедно, на една маса, истражувачите, научниците, инженерите и изведувачите со цел да создаде ефикасна врска помеѓу инженерската теорија и практика. Предложените теми опфаќаат голем број на области од геотехничкото инженерство заради што се очекуваат и интересни реферати да бидат презентирани на Четвртиот симпозиум на ДГМ.

 

Испрати коментар

Scroll To Top