Четвртото издание на Skopje Design Week оваа година ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли ан со програма што целосно ги оправдува очекувањата на урбаната публика, дизајн и бизнис заедницата. Оваа година програмата има француска арома од причина што земја во фокусот е Франција.
SDW, под мотото „Четврта смена“, идејата е да се доловат различните функции: промоција, деловна соработка, едукација, забава и дружење.
Токму поради единственоста на настанот, карактерот кој го носи истиот веќе четири години, организаторите ве покануваат на:
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
18 септември, 11.00 ч.
Локација: Француски институт во Скопје
ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48
На прес конференцијата ќе биде изнесена и претставена целокупната програма на Скопската недела на дизајн.