Насловна / Архитектура / Четки за заби, панталони, теписи и други отпадни материјали како изолација

Четки за заби, панталони, теписи и други отпадни материјали како изолација

kuca-od-otpada-brajton-02
Куќата од отпад во Брајтон е истрaжувачки проект и работилница во која постојано се експериментира со новите дизајни, а главниот фокус е одржливиот развој. Се наоѓа во кампусот на Универзитетот во Брајтон, а дело е на архитектот Dankan Bejker-Braun  и студентите од завршната година на студии.

Оваа куќа е прва во Англија за чија градба се користени отпадни материјали, како и пластика собирана од градежната и другите индустрии како и од станбените објекти. Идејата е во следните неколку години да се тестираат перформансите на овие потценети материјали, а Факултетот  за наука и инженерство во надворешните ѕидови постави сензори кои сето тоа ќе го пратат.

Мотото на целиот проект еОтпад не постои, постојат само работи на погрешно место.

За изолација на куќата се искористени:

  • 20.000 четки за заби, поголема количина добиена како донација на аеродромите
  • 2 тона отпадни материјали од индустријата на теписи, тексас панталони и јакни
  • 4.000 VHS видео касети
  • 4.000 пластични опаковки за DVD
  • 7,2 m3 стар стиропор
    kuca-od-otpada-brajton-03 kuca-od-otpada-brajton-04 kuca-od-otpada-brajton-05 kuca-od-otpada-brajton-06 kuca-od-otpada-brajton-08 kuca-od-otpada-brajton-09
    Две илјади рециклирани и водоотпорни плочки од тепих ја обложуваат фасадата, а 600 повторно употребени пластични банери служат како внатрешен слој за контрола на влага. Згурата од индустриските печки е користена за темелите на оваа куќа. За конструкција е употребена иверица – остаток од некое градилиште. Ѕидот наспроти скалишниот простор е направен со техника која обично се користи за градба на набиена земја, но како материјал послужиле и 10 тона повторно употребена креда.
    kuca-od-otpada-brajton-10 kuca-od-otpada-brajton-11 kuca-od-otpada-brajton-12 kuca-od-otpada-brajton-13 kuca-od-otpada-brajton-14   kuca-od-otpada-brajton-17 kuca-od-otpada-brajton-19 kuca-od-otpada-brajton-20
    Останати отпадни и повторно користени материјали кои се користени за градба се:
  • 10 m2 компресирана рециклирана хартија за газишта на скалниците
  • 65 м2 гумени мембрани за завршницата на кровот, материјал добиен од производител на автомобилски гуми
  • 2 km половно меко дрво за конструкција
  • 20 литри половна боја за фарбање на ѕидовите
  • 2.000 повторно искористени штрафови

Повеќето материјали кои се користени за градбата во ентериерот на куќата може да се видат оставени видливи во посебни прозорчиња, објаснати со плакати од образовен карактер. Оваа куќа сега се користи како отворено студио за истражување, а достапна е за истражувачки проекти и на други школи, факултети и сите оние што се заинтересирани за темата на одржливост и еко-градба.

Испрати коментар

Scroll To Top