Насловна / Архитектура / Четири симетрични кули ќе ја променат панорамата на најбогатиот град во светот

Четири симетрични кули ќе ја променат панорамата на најбогатиот град во светот

Импресивниот проект наречен Lusail Towers е дел од главниот план што треба да биде завршен до почетокот на Светскиот куп на ФИФА во 2022 година што ќе се одржи во Катар. Овој нов комплекс, замислен како „катализатор на промените во градот“, ќе биде побогат за четири високи згради кои ќе бидат визуелно доминантни во однос на животната средина, но повторно пропорционално со човекот.

Copyright

Проектот Lusail Towers се состои од две кули од 70 ката и две кули од 50 ката, поставени симетрично околу централниот плоштад, во кои ќе бидат сместени важни институции како што е Националната банка на Катар, заедно со канцелариите на неколку други глобални организации.

Со локација на крајот од големиот градски булевар, реномираната архитектонска фирма Foster + Partners смисли проект кој ќе биде адекватен одговор на климатските услови, но и на формирање на „интимни пејзажи“ на човечко ниво, притоа прилагодувајќи се на градот во својата урбана скала.

kuli1

Така, на ниво на приземје, секоја кула ќе биде опкружена со неколку пониски згради со продавници, кафулиња и ресторани, со цел да придонесе за анимација на јавните простори, пишува ArchDaily.

Основите на кулите во форма на елипса постепено се вртат околу нивните оски, со цел да се вртат 90 степени на нивото на горниот кат во однос на приземјето. Сепак, структурата на зградата останува иста во целата своја висина, и во секоја кула се состои од бетонско јадро опкружено со шеснаесет наклонети столбови, со цел да се создаде единствена геометрија.

kuli2

“Тестовите во воздушниот тунел беа направени во рана фаза на дизајнирање со цел што е можно поголема оптимизација на конструкцијата“, велат од бирото на Фостер.

“Комплексноста на проектот, како и поставените временски рамки налагаат размена на информации меѓу архитекти, инженери и други консултанти. Од самиот почеток, воспоставивме иновативен пристап преку создавање на единствена платформа што комуницира промена во дизајнот во реално време на сите актери, овозможувајќи му на нашиот тим да работи кохезивно и брзо“, рече Лук Фокс од Foster + Partners.

Имено, тимот од Фостер + Партнерс разви внатрешен софтверски систем Хермес кој ги координира податоците на проектот и го олеснува нивното споделување во реално време. Оваа канцеларија е позната по иновации, па затоа неодамна воведоа роботски надзор во форма на куче на нивните градилишта.

kuli3

“Заштитата на животната средина беше клучен двигател на дизајнот. Обликот на зградите се заснова на бројни студии и опции со цел да се ограничи изложеноста на сончево зрачење. Покрај тоа, со цел да се постигнат четири sвезди според регионалниот стандард GSAS, Lusail Towers има голем број активни системи кои придонесуваат за одржливост“, рече Пирс Харт, директор за одржливост на Foster + Partners.

Lusail Towers ќе имаат централизирано складирање на топлина, хидроничен систем за висок притисок, вентилација на барање, енергетски ефикасно LED осветлување како и напредна автоматизација. Покрај тоа, панелите од леан бетон ќе им дадат на зградите висока топлинска маса, со минималнa фенестрација, што ќе го намали продирањето на сончевата топлина во внатрешноста.

kuli4

Испрати коментар

Scroll To Top