Насловна / Вести / Четири препораки за поголемо учество на граѓаните во енергетиката во Западен Балкан

Четири препораки за поголемо учество на граѓаните во енергетиката во Западен Балкан

Ниту една земја од Западен Балкан, сеуште не ги усвоила прописите за формирање и работа на енергетските задруги (заедници), како најразвиен облик на граѓанско учество во децентрализацијата, демократизацијата и демонополизацијата во енергетската транзиција. Ова е констатирано на втората регионална конференција „Енергетски задруги на граѓани/заедници за обновлива енергија“ одржана во Сараево. На конференцијата посветена на граѓанската енергија, која прв пат минатата година е организизана од страна на Регионалниот центар за одржлива енергетска транзиција (RESET) од БиХ и фондацијата Henrich Boll, учествуваа над 80 претставници од локалните заедници, експертската заедница, невладини организации, регулаторни агенции, електростопанствата, меѓународни организации и други.

zajednice1

Заклучено е и дека во сите земји од Западен Балкан, интересот на приватните инвеститори за изградба ан комерцијални фотонапонски електрани е исклучително изразен, додека истовремено развојот на граѓанската енергија преку енергетски задруги значајно зааостанува. Ваквата насока на развој на обновливата енергија нема да резултира во демократизација на енергетскиот сектор и активно учество на малите купувачи – домаќинствата и малите компании, во енергетската транзиција. Општ заклучок од конференцијата е дека владите и парламентите во регионот на Западен Балкан претставуваат главна препрека и тесно грло за ефикасна и одржлива транзиција. Тие немаат јасна визија и орпеделување, како ни стратегија и законодавна рамка за успешно спроведување на одржлива енергетска транзиција. Од одредени излагања можеше да се слушне и дека главно значењето и концептот на поддршка на граѓаните и локалните заедници не е препознаен, за разлика од развиениот свет.

zajednice2

 

Испрати коментар

Scroll To Top