Насловна / Архитектура / Четири најнеобични хотели во Европа

Четири најнеобични хотели во Европа

Ви ги претставуваме 4-те најнеобични хотели во Европа, според оценката на францускиот весник Le Figaro. Се работи за хотели кои излегуваат од вообичаените норми, било да се работи за архитектурата или пак за содржините кои ги нудат.

Hotel vo spanija

Hotel vo Spanija1

Хотелот Marqués de Riscal, во Шпанија, претставува ремек дело на познатиот архитект Frank Gehry , и претставува една современа композиција од уметност, дизајн , гастрономија и … вино!.  Се работи за специјален вид на винотерапија, која им овозможува на клиентите да уживаат во сите благодети на грозјето. Спа центарот е сместен непосредно до хотелската зграда и поврзан е со стаклен мост. Специјалисти обучени во Бордо, користат разни масла добиени од грозје за третмани за  ревитализација на кожата.

Hotel vo Ungarija

Hotel vo Ungarija1

Унгарија е позната по своите бањи во раскошен архитектонски израз. Токму една стара јавна бања е целосно реновирана и трансформирана во хотел со четири ѕвезди.  Хотелот  Continental Zara нуди атипичен декор во кој се отсликува стилот на старите бањи но со нов сјај. На најгорниот кат се наоѓаат два базени (отворен и затворен) со неверојатен поглед на градот.

Hotel vo Holandija Hotel vo Holandija1

Хотелот кој е лоциран на неколку минути од Амстердам, Холандија, е дело на холандскиот архитект Wilfried van Winden. Inntel Hotel Amsterdam Zaanstad, се карактеризира со извонредно живописна и колоритна фасада која наликува на огромна сложувалка. Мотивите се инспирирани од типичните куќи во провинцијата Zaanstad на северот на земјата. Ентериерот содржи разни експонати од холандското индустриско наследство, како на пример разни стари производи и постери на кои е прикажано производството на чоколадо, црно-бели фотографии.

Hotel vo Francija

Hotel vo Francija2

Hotel vo Francija1

Во петтиот арондисман на Париз, сместен е хотелот “Seven”, кој се состои од седум апартмани. Секој е сам за себе посебна приказна и посебна тема. Помеѓу моќниот и елегантен дизајн на апартманот «Agent secret», и романтиката на «Sublime», овој хотел се состои од вкупно 28 соби во кои ниту еден дел од мебелот не е поставен на тлото туку лебди.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top