Насловна / Вести / Четири локации – потенцијални транспортни јазли во Македонија

Четири локации – потенцијални транспортни јазли во Македонија

jazli
Трубарево, Бунарџик, Јурумлари и Кичево се потенцијални локации кои на територијата на Македонија би можеле да бидат мултимодални транспортни јазли.

Четирите локации се идентификувани во секторската студија за изводливост и идентификација на стратешки мултимодални транспортни јазли и анализата на трошоците и придобивките  од изградбата, изготвени во рамки на  проект од Оперативната програма за регионален развој, финансирана од ЕУ.  Завршувањето на проектот, во вредност од 1,1, милион евра, што се реализираше во изминатите 18 месеци, беше означено денеска со презентација на студијата и анализата.

Студијата  е прв чекор за подготовка на инвестициски проект за изградба на локација со  постројки кои ќе овозможат лесно префлање од еден  во друг начин на транспорт. Концептот  на меѓународен мултимодален транспорт се однесува на транспорт „од врата на врата“ со еден транспортен оператор и се применува во Европската унија.  Во Европа функционираат повеќе од 600 вакви мултимодални транспортни објекти, што ги поврзуваат потрошувачите и производителите на одржлив начин.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на презентацијата истакна дека за локациите Трубарево, Бунарџик, Јурумлари и Кичево консултантот подготви анализа за финансиската исплатливост за натамошна изградба, прелиминарната вредност на чинење на градежните работи и во колкав временски период инвестицијата би била економски и финансиски исплатлива. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top