Насловна / Вести / Четири клучни мерки за спас на Планетата од проблемите со пластичниот отпад

Четири клучни мерки за спас на Планетата од проблемите со пластичниот отпад

Нова студија открива дека спроведувањето на само четири клучни политики, бо можело да ги ублажи последиците од неодржливото управување со пластичен отпад за дури 91%, додека емисиите на гасови со ефект на стаклена градина кои се поврзани со пластиката, би се намалиле за една третина.  Главните поенти од истражувањето се објавени во престижниот часопис Science. Клучните мерки се однесуваат на воведување на обврска новите производи да содржат најмалку 40% рециклирана пластика од пост потрошувачкиот отпад, ограничување на производството на нова пластика на нивото од 2020 година, значителни вложувања во инфраструктура за управување со пластичниот отпад и воведување на симболични надоместоци на овој вид на амбалажа заради поттикнување на намалувањето на нејзиното користење и премин кон одржливи алтернативи.

Студијата под името „Патоказ за намалување на неправилното управување со пластичен отпад и емисиите на стакленички гасови до 2050 година“, подготвена од страна на University of California Berkeley и University of California Santa Barbara, објавена е во пресрет на клучните преговори во Јужна Кореа, кои ќе с еодржуваат од 25-ти ноември до 2-ри декември во Бусан. На овој настан, делегати од над 190 земји ќе настојуваат да ги усогласат последните детали за првиот правно обврзувачки договор за загадувањето со пластика.

Доколку светот продолжи да функционира по принципот business as usual, до 2050 година емисиите на стакленички гасови поврзани со пластиката ќе пораснат за 37% во однос на нивото од 2020 година. Тоа е еднакво на емисиите на речиси 9.000 електрани на природен гас.

Испрати коментар

Scroll To Top