Насловна / Вести / Четири големи компании ги повлекуваат своите реклами од „Гугл“

Четири големи компании ги повлекуваат своите реклами од „Гугл“

Четирите американски конгломерати – телекомуникациските гиганти „Еј Ти енд Ти“ и „Верајзон“, рентакар компанијата „Ентерпрајз“ и фармацевтската ГСК ги повлекоа своите милиони долари за рекламирање на „Гугл“ поради тоа што нивните реклами се појавуваат на страници со екстремистички содржини.google-doodle

Имено, нивните реклами се појавија до „Јутујуб“ видео со непримерна содржина и со тоа непосредно им донеле приход на креаторите на тоа видео.

Како што пишува списанието „Тајм“, се работи за видеа на египетскиот свештеник Вагди Гонеим, кому му е забранет влез во САД, и на Ханиф Куреши, чиешто учење наводно го инспирирало убиството на еден пакистански политичар.

Компанијата „Гугл“ упати извинување и вети усовршување на своите алатки за огласување.

Испрати коментар

Scroll To Top